Србите и денеска протестираат: КФОР распоредени на главните локации низ градовите
Србите и денеска повторно се на барикадите во неколку општини во Косово.
Одбивањето на Приштина да ја исполни својата обврска за создавање Заедница на српски општини, како и нелегитимните избори на 23 април на Косово, се два важни моменти кога станува збор за последните конфликти на Косово, објасни српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за Американскиот телевизиски канал CNN.
Тој, исто така, вели дека Србите на северот на Косово сакаат безбедност за нивните семејства и ги повикува да останат смирени и да направат се за да се стабилизира ситуацијата.
Припадниците на КФОР со оклопни и други возила од синоќа се на важни раскрсници и улици во центарот на Звечан.
Нивно зголемено присуство на улиците и приодите кон Звечан побарала српската страна по разговорот со началникот на единицата на КФОР лоцирана пред општинската зграда.
Ова го бараше српската страна за да се спречи директен контакт на граѓаните собрани на протестите со косовската полиција по инцидентот што се случи вчера во попладневните часови.
Според очевидци, инцидентот се случил кога возило на косовската полиција полно со полицајци минувало низ толпа граѓани.
Во Звечан пред зградата на општината во 7 часот почнаа да се собираат голем број граѓани на мирни протести кои се закажани и за денеска, а многумина таму ја поминаа и цела ноќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…
Мисијата на Европската унија за владеење на…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…
Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…
Рација на косовската полиција во филијалите на…
Косовската полиција изврши рација во филијалите на…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…