Србите моќно ја прегазија Литванија за полуфинале на СП!

t

Кошаркарите на Србија се пласираа меѓу четирите најдобри селекции на Светското првенство (СП) во Јапонија, Индонезија и Филипините, откако со најдобрата партија досега претпладнево ја прегазија Литванија (87-68) во првиот четвртфинален дуел на Мундобаскетот.

Неизвесно беше само во првата четвртина, во која балтичката репрезентација со добар напад им парираше на расположените Срби. Но, кога на нашиот северен сосед му проработе одбраната, разликата почна да се зголемува. Вториот период почна со серија 10-1 за српската селекција за првото поопипливо водство (32-26), кое со тројката на Богдан Богдановиќ во последниот напад првпат стана двоцифрено пред заминување на одмор (48-38). Отпорот на Литванците дефинитивно беше скршен во третиот дел од мечот, во кој тие прво намалија на минус пет (47-52), по што како да заборавија да играат. Избраниците на селекторот Светислав Пешиќ вратија со 17-4, за огромни плус 18 (69-51) со кои најавија продолжување на борбата за еден од медалите.

Богдановиќ со 21 поен беше најефикасен кај Србија, со што се извади за лошиот настап во поразот од Италија кога шутираше 1/13 за тројка, додека зад него беа Филип Петрушев со 17 и Стефан Јовиќ со 11 поени. Тадас Седекеркис со 14 поени и девет скока беше најдобар кај Литванија.

Подоцна денеска се игра и вториот четвртфинален дуел и тоа помеѓу САД и Италија (14.30 часот), додека останатите две пресметки од оваа фаза се играат утре и тоа помеѓу Германија и Летонија (10.45), односно Канада и Словенија (14.30).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…

Република Српска не го прифаќа британскиот план…

Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…

Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…

„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…

Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…