Србија го забрзува уривањето на армиската зграда за хотел на семејството Трамп
Парламентот на Србија во петокот изгласа посебен закон за забрзано уривање на разурнатата зграда на Генералштабот на Југословенската армија, лоцирана во центарот на Белград. На оваа локација е планиран луксузен хотел поддржан од Џеред Кушнер, зетот на Доналд Трамп.
Проектот за хотел на семејството Трамп во Србија отвора прашања за културна заштита, политичко влијание и јавен интерес. Додека властите го промовираат како инвестиција, јавноста останува поделена.
Зградата, делумно уништена во НАТО-бомбардирањето во 1999 година, има значајна културна и меморијална вредност. Архитекти и експерти за културно наследство предупредуваат дека уривањето е опасен преседан.
Јавноста е поделена околу плановите поврзани со инвестициската фирма на Кушнер со седиште во Мајами — Афинити Партнерс, која има намера локацијата да ја претвори во облакодер-хотел.
„Оваа зграда е архитектонско ремек-дело и треба да остане во јавна употреба како споменик на жртвите“, рече архитектот Миљан Салата.
Афинити Партнерс, инвестициската фирма на Кушнер, потпиша договор за закуп на земјиштето на 99 години со српската влада. Претседателот Александар Вучиќ го поддржува проектот и неколку пати го има угостено Кушнер во Белград.
Еден од партнерите во проектот е компанијата Игл Хилс од Обединетите Арапски Емирати, која претходно беше поврзана со контроверзната реконструкција на белградскиот кеј.
Проектот беше стопиран во мај поради сомневања за фалсификувани документи за укинување на заштитата на зградата. Истрагите сè уште траат. Но, со посебен закон реконструкцијата е прогласена за итна, што ги обврзува државните институции да издаваат дозволи и одобренија без одлагање.
Пратениците го подржаа предлогот со 130 гласа „за“ и 40 „против“, класифицирајќи го проектот како „итен“.
Вучиќ веќе е под притисок поради последиците од смртоносната несреќа на новообновената железничка станица минатата година, за која многумина ја обвинија коруптивната власт. Мала група демонстранти се собраа пред парламентот за време на гласањето, давајќи и поддршка на мајката на една од жртвите од несреќата во Нови Сад, која штрајкува со глад. Таа бара одговорност за смртта на нејзиниот син и за уште 15 лица кои загинаа во трагедијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија го забрзува уривањето на армиската зграда…
Парламентот на Србија во петокот изгласа посебен…
Полни албулантите во „Козле“: 150 прегледи дневно…
Покачена температура, растечен нос, кашлање и разни…
Захарова го „боцна“ Вучиќ за муницијата: Белград…
Руската портпаролка Марија Захарова остро го коментира…
Триесет дневен притвор за четири лица осомничени…
Судија на претходна постапка, по произнесување на…
Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде…
„Колку пати алармирав и предупредував дека во…