Србија доживува инвестициски бум: „Нестле“ отвори нова фабрика во Сурчин
Во рамките на инвестцијата вредна 80 милиони швајцарски франци, „Нестле“, покрај постоечката, денеска свечено ја отвори новата фабрика во Сурчин, во која прозивоството ќе се базира на растителна база, а со која ќе се отворат нови 220 работни места.
Новата фабрика која ќе се простира на 18.440 квадратни метри, ќе ги произведува оброците од брендот Garden Gourmet, користејќи локални состојки, со што компаниајта сака дополнително да ги поддржи локалните производители на соја.
Горда сум што по 18 години извонредни деловни резултати во „Нестле“ – Србија, отвораме ново, верувам, уште поуспешно поглавје. Ние продолжуваме да ја подобруваме технологијата за производство на храна и да ги едуцираме локалните добавувачи и нивните производители преку нашата програма за регенеративно земјоделство за поддршка на поодржливо производство на суровини во Србија. Со проширување на нашата палета базирана на растенија чекор по чекор, работиме на обликување на поодржлива иднина за секого. Во новата фабрика ќе ги примениме и највисоките стандарди за еколошки одговорно производство, во кое сме пионери во Србија, изјави Марјана Давидовиќ, директорка на „Нестле“ за Србија, Црна Гора и Северна Македонија.
Од компанијата посочуваат дека новата фабрика ќе користи обновлива енергија од хидроцентралите, нема да произведува комунален отпад и ќе ги третира сите отпадни води на лице место во сопствена пречистителна станица. Принципите на кружна економија беа применети за време на изградбата со користење на изолациони еко-панели направени од рециклирана амбалажа за производите на „Нестле“, како што се супите и мајонезот.
Оваа инвестиција ја покажува долгорочната посветеност на „Нестле“ кон Србија, а овој проект се вклопува во нашите идни планови за проширување на нашата локална производствена мрежа. Исто така, Србија стана регионален пионер во примената на принципите на регенеративното земјоделство во „Нестле“, што не е само наш приоритет, туку и начин да одговориме на климатските промени и да ја заштитиме нашата животна средина, што веруваме дека ќе придонесе за постигнување на општата цел за постигнување нулта емисија на гасови со ефекти на стаклена градина до 2050 година. За да ги постигне овие цели, „Нестле“ инвестира 1,2 милијарди швајцарски франци на глобално ниво за да го промовира регенеративното земјоделство низ нашиот синџир на снабдување до 2025 година, изјавил Алесандро Занели, пазарен директор на Нестле за Југоисточна Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…