Србија може да стане поагрaсивна поради конфликтот меѓу Украина и Русија, смета Курти

t

Премиерот на Косово, Албин Курти, смета дека доколку дојде до конфликт меѓу Русија и Украина, тоа може да ја поттикне Србија да стане поагресивна, но дека Приштина треба многу внимателно да ја следи ситуацијата и да не се плаши.
Курти додаде дека Србија има блиски културни, историски и воени врски со Русија. Тој рече дека„за Косово, ориентацијата кон Соединетите Држави е од витално значење.
„Како демократска република, не можеме да ги игнорираме еманципаторските резултати на американската демократија, како и европската демократија. Самото учество на нашите меѓународни сојузници во нашето ослободување беше голем момент на еманципација на нашите права и гаранција на слободата. Ние сме демократска република која вели да за НАТО и ЕУ , бидејќи верува дека трансатлантската врска е порелевантна од кога било“, рече тој.
Според него, НАТО ќе остане присутен на Косово, но, посочува, доколку се појави потреба, граѓаните на Косово можат да се одбранат.
„Мислам дека Косово има големи луѓе со голема волја и храброст, од двете страни, мислам дека нашите одбранбени и безбедносни сили и НАТО, особено САД, се тука да останат. Убедени сме дека ќе победиме во секоја идна криза што може да се случи, но не сакаме да ја имаме“, рече тој, пренесува Косово онлајн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…