Објавено на:

Србија најави брз воз на релација Ниш-Прешево-Македонија!

t

Железницата на Србија најави проект за реконструкција на пругата Ниш-Прешево-Македонија за возови со голема брзина во должина од 92 километри како дел од проектот за модернизација на коридорот Белград-Ниш-Прешево. Вредноста на работите на овие делници од пругата е 182,25 милиони евра, а ја финансираат ЕИБ со 90,5 милиони евра и ВИБФ со 4 милиони евра, како и Србија со 14,67 милиони евра. Завршувањето на проектот се очекува до крајот на 2025 година, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти регионална платформа која собира професионалци во областа на транспортот и логистиката, порталот Плутонлогистикс, модернизацијата на овој дел од железницата опфаќа работи на делниците Брестовац-Винарци, Орево-Врањска Бања, Ристовац-Бујановац и Букаревац-Прешево-граница со Македонија.

Делницата Ниш-Прешево е една од најстарите железнички линии во Србија и најважната делница на Коридорот 10. Оваа електрифицирана линија долга 151 км се користи за најголемиот дел од транспортот во Србија, соопшти Плутонлогистикс.

Во рамки на проектот е предвидена и санација и доградба на железничката линија Белград-Ниш во должина од 228 километри.

Вкупните проценети трошоци за модернизација и реконструкција на коридорот Белград-Ниш-Прешево во должина од 350 километри (поделен на неколку делници) изнесуваат 2,5 милијарди евра.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе и додели на Србија државен заем од 500 милиони евра за реализација на овој проект.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…