Србија поплавена, поројниот дожд доаѓа и во Македонија
Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часови кога локално ќе бидат поројни (над 30 л/м2) и на места проследени со грмежи.
Ќе продолжи да дува засилен до повремено силен јужен ветер (над 70 км/час) и ќе биде релативно топло.
Максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часовии Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 14 степени.
Утре ќе има врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часови кога локално ќе бидат поројни (над 30 л/м2) и на места проследени со грмежи. Ќе продолжи да дува засилен до повремено силен јужен ветер (над 70 км/час) и ќе биде релативно топло.
Од петок ќе има значително заладување и врнежите од дожд на повеќе места постепено ќе преминуваат во снег. На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а помала, особено во сабота и во некои пониски места. До средината на следната седмица ќе има повремени врнежи од дожд и снег со променлив интензитет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…