Објавено на:

Србија: Почина жената во која удри обезбедувањето на контроверзен моќник близок до власта

t

Повозрасната жена со иницијали Р.М., која на 21 март годинава беше тешко повредена во судир автомобил на обезбедувањето на контроверзниот бизнисмен Милан Радоичиќ, близок до српските власти, почина денеска во болница во Белград, објави „Нова.рс“ повикувајќи се на свои извори.

Жената беше тешко повредена во судирот во југозападна Србија, на патот од гратчето Брус кон скијачкиот центар Копаоник, предизвикан од обезбедувањето на бизнисменот. Таа настрадала откако автомобилот „Лада“, кој го возел нејзиниот сопруг, бил удрен од „Шкода“ која претекнувала, во која биле двајца млади телохранители на Радоичиќ. Сопругот на жената исто така е тешко повреден и се наоѓа на интензивна нега. Според очевидци кои ги цитира „Нова.рс“, „Шкодата“ се движела во колона, а возачот се обидувал да претекнуваат на планинскиот пат полн со кривини и непрегледни места.

Српската телевизија пишува дека загинатата жена и тешко повредениот сопруг се родители на еден од началниците во белградската полиција.

„И покрај тоа што во несреќата имало загинат и повреден, а двете возила биле целосно уништени, двете момчиња кои го предизвикале судирот не ја поминале ни вообичаената полициска процедура во вакви ситуации. За несреќата има целосен молк во српските провладини медиуми, а полицијата и 17 дена по неа нема издадено официјално соопштение“, пишува „Нова.рс“.

Радоичиќ е обвинет од властите во Косово за предизвикување на вооружените судири во Бањска во септември 2023 година, во кои беа убиени четворица луѓе – тројца Срби и полицаец-Албанец. Бизнисменот, кој има тесни врски со власта на Александар Вучиќ, беше уапсен во октомври 2023 година, но набрзо беше пуштен и судит му изрече мерка-забрана за напуштање на земјата. Против Радоичиќ и натаму нема покренато обвинение за случувањата во Бањска, иако тој јавно ја презеде одговорноста за организирање на вооружениот бунт во делот од Косово населен претежно со Срби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија: Почина жената во која удри обезбедувањето…

Повозрасната жена со иницијали Р.М., која на…

Бев политичар и молчев кога требаше да…

Секој пат кога го стискам воланот на…

Синдикатот на култура излегува на протести!

Синдикатот на култура излегува на протести, објавија…

Се судриле автомобил и комбе во Тафталиџе,…

Автомобил и комбе учествувале во сообраќајна несреќа…

Најмалку 44 загинати и над 160 повредени…

Најмалку 44 лица загинаа, а повеќе од…