Објавено на:

Србија сепак ќе мора да прифати членство на Косово во меѓународни организации, открива Лајчак

t

Специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак денеска изјави дека договорот меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти претставува пресвртница во процесот на нормализација на односите.

Сега двете страни треба да ги применат сите членови од договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, рече Лајчак во интервју за „РСЕ“ и „Јуроњуз Србија“.

Ова го вклучува и членот четири, во кој се вели дека Србија нема да се противи на членството на Косово во ниту една меѓународна организација, посочи Лајчак и додаде дека Косово има обврска веднаш да започне со спроведување на договорот поврзан со формирање на Заедница на општини со српско мнозинство на Косово.

Лајчак призна дека во принцип ЕУ има поамбициозен план, кој вклучува потпишување договор и нацрт-анекс со јасни временски рамки и задачи.

Според него, не било можно лидерите да се договорат за секоја точка, а имало и одбивање на српскиот претседател да го потпише документот, па првичниот предлог бил сменет.

Лајчак најави многу скоро средба на главните преговарачи на Србија и Косово, со цел да се започне со работа на имплементација на одредбите од договорот постигнат на 18 март во Македонија.

„Веќе ги започнавме внатрешните процедури во Европската Унија за официјализирање на овој фактор за воведување на тој дел од агендата на ЕУ за Србија и Косово, а како следен чекор во дијалогот ќе ги поканам главните преговарачи во Брисел и ќе разговараме за чекорите за имплементација, за да се осигураме дека имаме договор за ова“, нагласи Лајчак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…

Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…

Протест на Србите во Северна Митровица: За…

Србите од северот на Косово денеска се…

Има само шест години: Малиот Никола од…

Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Нови протести против ископувањето на литиум во…

Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…