Србија се подготвува за војна и голема криза – Еве какви одлуки донесе Советот за безбедност

t

На седницата на Советот за национална безбедност беа постигнати важни договори за зачувување на мирот и стабилноста во регионот, зголемување на безбедноста на нашата земја и граѓаните, како и за набавка на суровини и значајни стоки кои би можеле да станат дефицитарни поради глобална криза, изјави претседателот Александар Вучиќ.

Важни договори за: Зачувување на мирот и стабилноста во регионот; Подобрување и зголемување на нивото на безбедност за нашата земја и граѓаните; Анализи и конкретни дејствија при набавка на суровини и значајни добра кои поради светската криза би можеле да станат дефицитарни. , објави Вучиќ на инстаграм профилот на иднината на Србија, со порака дека Србија е на безбеден пат!

Претседателот Александар Вучиќ претседаваше со Советот за национална безбедност.

На седницата, која почна во 10 часот, присуствуваа премиерката Ана Брнабиќ, министерот за одбрана Небојша Стефановиќ, министерот за полиција Александар Вулин, министерката за правда Маја Поповиќ и министерот за финансии Синиша Мали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…

Крешник Бектеши се огласи на „Фејсбук“ од…

Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, за првпат…

Цените на нафтата паднаа по неколкудневниот раст…

Цените на нафтата паднаа по неколкудневниот раст,…

АНБ лани се подновила со возила за…

Агенцијата за национална безбедност лани се подновила…

Пресуда за двојното убиство на Вања и…

Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни…