Србија се предомисли? Траен мир на Блискиот Исток со воспоставување на две држави
Првиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска го прими амбасадорот на Израел во Србија, Јахел Вилан.
Како што беше соопштено, во разговорот е изразена голема загриженост за продолжување на израелско-палестинскиот конфликт во Газа.
Србија го осуди терористичкиот напад на Хамас врз Израел, со надеж дека мирот ќе завладее на Блискиот Исток што е можно поскоро и со потсетување на обврската за почитување на нормите на меѓународното хуманитарно право и принципите на хуманоста, со цел да се спречи цивилни жртви.
Беше посочено дека Србија е заинтересирана за воспоставување постојан мир на Блискиот Исток, врз основа на решение на две држави, Израел и Палестина, кои би живееле во мир една до друга, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…
Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…
В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…
В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…
Србија ќе го награди Ноле со државна…
Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…