Објавено на:

Србија суспендираше извоз на оружје и воена опрема во следните 30 дена

t

Министерот за одбрана Милош Вучевиќ денеска потврди дека Владата на Србија усвоила заклучок за предлогот на српскиот претседател Александар Вучиќ за врховен командант за суспендирање на извозот на оружје и воена опрема во следните 30 дена од наменската индустрија.
Вучевиќ рече дека приоритет во испораката од фабриките од одбранбената индустрија ќе имаат вооружените сили на Србија, што, како што вели, дополнително ќе ги зајакне капацитетите на државата, односно на српските вооружени сили.


Се разбира, разбирање на сите околности што не опкружуваат и следење на сите факти кои се релевантни за проценката на безбедноста на нашата земја“, изјави Вучевиќ за Танјуг.
Министерот посочи дека тоа не значи дека Србија оди во војна, ниту пак повикува на војна, туку дека правилно се проценуваат безбедносните ризици и предизвици.
„Ние следиме се што се случува и постапуваме соодветно.

„Наша оценка во овој момент е дека комерцијалните работи не можат да имаат приоритет пред прашањето за домашната безбедност и дека она што се произведува во наменската индустрија мора пред се да биде насочено кон војската на Србија, согласно нејзините потреби“, посочи министерот.
Како што додаде, не се прават мегаломански планови, само дополнително се зајакнуваат капацитетите на војската на Србија.
Ќе видиме по 30 дена каква ќе биде состојбата, дали ќе продолжи мораториумот на извозот“, рече Вучевиќ.


Вучевиќ нагласи дека државата преку Министерството за одбрана плаќа за се што е земено за војската на Србија, додавајќи дека тоа не се подароци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…

Арсенал илегално оружје и муниција пронајдени во…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…