Србија ќе купува оружје од Кина!

t

Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ вечерва изјави дека српската делегација која е во посета на Кина за неколку часа во Пекинг ќе има средба со кинескиот воен врв за да се види какво друго оружје може да купи Србија од таа земја.

Вучевиќ во изјава за телевизијата Пинк рече дека Србија е најзаинтересирана за оружје во сегментот на противвоздушна одбрана и беспилотни летала.

„Веќе утре, а денес по кинеско време, имаме средба со потпретседателот на Централната воена комисија. Тоа е нешто над Министерството за одбрана, мешавина од Министерството за одбрана и Комунистичката партија на Кина. Доволно е да се каже дека нејзин претседател е самиот Си Џинпинг, а за неколку часа ќе се сретнам со генерал кој е од воената компонента“, рече Вучевиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српската полиција уапси шест лица за „планирање…

Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…

Техеран: Русија и Кина зборуваат, но не…

Додека Блискиот Исток повторно се доближува до…

Вучиќ: Го запираме целиот извоз на оружје!

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…

Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…

Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…