Средбата на Османи со “македонските Бугари” поминала во позитивна атмосфера, велат од МНР

t

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска, оствари средба со Ѓорѓи Трендафилов и со Љупчо Горгиевски, претставници на различни организации на бугарската заедница во Македонија, соопштија од МНР.

На средбата, која помина во позитивна атмосфера, беа размените мислења за прашања кои ја засегаат бугарската заедница во Македонија, предизвиците со кои се соочуваат здруженијата, како и можностите за подиректна и поинтензивна соработка со државата.

На средбата беше изразено задоволство од директниот пристап во размената на мислења, како и интенцијата за повторна средба и засилена динамика на комуникација, со цел подиректно вклучување на бугарската заедница и здруженијата кои нив ги претставуваат во рамките на редовната соработка на државата со граѓанскиот сектор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!

Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…

Македонското МНР со сочувство до Индија по…

Од македонското Министерство за надворешни работи денеска…

Бугарскиот МНР се слушнал со Муцунски: Бугарија…

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг…

„УКИМци за Палестина“ до МНР: Осудете ја…

Група студенти „УКИМци за Палестина“ го повикаа…

Бугарскиот МНР: Бугарија нема и не може…

Членството во ЕУ не е дадено, туку…