Средба Вучиќ-Ердоган: Разговаравме за проблемите кои некаде ги имаме заедно

t

Би сакал да му посакам добредојде на претседателот на Турција, убеден сум дека оваа посета ќе придонесе за натамошно унапредување на односите меѓу двете земји, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Денеска во приватен разговор разговаравме за сите важни теми, како и за проблемите со кои Србија и Турција се соочуваат поединечно, но и некаде заедно – рече Вучиќ.

Како што рече, се разговарало за европскиот пат на Србија и Турција, како и за други теми.

– Дознав и научив многу работи – изјави Вучиќ.

Добри економски односи

Вучиќ рече и дека разговарале за економијата, трговската размена.

Претседателот Ердоган рече дека целта е да се постигне размена од 5 милијарди.

Вели дека Турција е земја со која се градат важни односи и додаде дека Турција е голема и важна земја на светско ниво.

Тој рече и дека ќе се воспостави воена соработка меѓу двете земји.

– Реков дека во Србија има места кои опстојуваат благодарение на турските инвестиции – изјави Ердоган.

Претседателот на Србија рече и дека се разговарало за ситуацијата на Балканот, а Ердоган јасно зборувал за политиката на Србија за почитување на меѓународното право, разговарале за Босна и Херцеговина и нејзиниот суверенитет.

Вучиќ додава дека им е благодарен на Турција и на Ердоган за разбирањето, „и што сакаа да ги слушнат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарски извори: Орбан ќе ги седне на…

Од високо упатени политички кругови во Унгарија,…

Мицкоски: Нашите дедовци имаа за цел да…

Дозволете ми од мое лично име и…

Лавров ги осуди „деструктивните“ акции на САД…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…