Средба Коцевски-Гир: Поддршка од ЕУ за да добиеме функционален систем
Јавниот обвинител на Република Македонија Љупчо Коцевски на денешната средба со Амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир и претставници на Делегацијата на ЕУ во земјава се заблагодари за поддршката која Европската унија ја дава за јавното обвинителство и правосудството во нашата земја.
Тој ги презентираше тековните состојби во Јавното обвинителство и приоритетите од програмата за неговиот шестгодишен мандат. Исто така, Коцевски и Гир разговараа за забелешките од последниот извештај на Европската комисија и активностите кои веќе ги презема Јавното обвинителство за реализација на дадените препораки. Притоа, Коцевски го запозна Гир со напредокот во функционирањето на истражните центри, особено во Основното јавно обвинителство Скопје, јакнењето на капацитетите на обвинителството за водење финансиски истраги, воспоставената континуирана соработка со Државниот завод за ревизија, како и соработката со Европравда и со Европското јавно обвинителство.
„Предизвик останува дигитализацијата и новиот систем за управување со предметите, за кој веќе се испитуваат можностите преку проектот „ЕУ-Владеење на правото“. Би сакал да побарам и од вас поддршка во однос на нашите заложби да добиеме функционален систем, кој ќе ги задоволува потребите на ефикасната кривична постапка, но и ќе ја гарантира независноста и самостојноста на јавните обвинители и доверливоста на постапката“, рече Коцевски.
Евроамбасадорот Гир го истакна како позитивен чекор и пракса која треба да се следи фактот што Коцевски презентираше пред пратениците сопствена програма за активностите кои има намера да ги анализира за време на мандатот како државен јавен обвинител. Тој изрази разбирање за потешкотиите со недостиг на финансиски и кадровски ресурси со кои се соочува обвинителството и кои се нотирани во Извештајот на ЕК, со забелешка дека Унијата ќе продолжи да инсистира да се обезбедат сите неопходни услови за непречена работа на Јавното обвинителство.
Коцевски и Гир на средбата дискутираа и за ефектите од последните измени на Кривичниот законик, кои предизвикаа застарување на повеќе предмети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ: Украина има законко право да се…
Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…
По упатеното барање за помош од Македонија,…
Уапсен шеф на Обвинителство во Албанија!
По налог на Специјалното обвинителство против организиран…