Средба Макрон – Путин е можна но не е договорен точен датум?
Можна е средба меѓу претседателите Емануел Макрон од Франција и Владимир Путин од Русија, но сè уште нема датуми, изјави портпаролот на францускиот кабинет Габриел Атал за радио станицата France Info.
„Не го исклучувам тоа, но сè уште не се донесени одлуки“, рече тој како одговор на прашањето за можна средба меѓу двајцата лидери во блиска иднина. „Сепак, можам да кажам дека претседателот ќе направи се за да обезбеди деескалација“, додаде Атал.
Тој истакна дека лидерите на Франција и Русија неодамна оствариле два телефонски разговори. Според него, за време на првиот разговор, Макрон го прашал Путин дали е подготвен да работи на намалување на тензиите во источна Украина и рускиот претседател одговорил потврдно.
Западот и Украина неодамна ги повторуваат наводите за потенцијална агресија на Русија во Донбас, каде што од 2014 година беснее домашен вооружен конфликт меѓу Киев и самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск неосновано, служејќи како трик за ескалација на тензиите, посочувајќи дека Русија не претставувала никаква закана за никого.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин најави одговор за влезот на Финска…
Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…
Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…
Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…
Путин: Русија ќе спречи какво било странско…
Русија ќе спречи какво било странско мешање…
Макрон: Украина да не се радува премногу…
Францускиот претседател рече дека за време на…
Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…
Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…