Објавено на:

Средба на годината: Путин ќе ја посети Кина на 16 и 17 мај, ќе се сретне со Си Џинпинг

t

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Кина на 16 и 17 мај, на покана на кинескиот лидер Си Џинпинг, соопшти Кремљ.
„Лидерите на Русија и Кина детално ќе разгледаат цела низа прашања за сеопфатно партнерство и стратешка соработка, ќе ги одредат клучните насоки за понатамошен развој на руско-кинеската практична соработка, а исто така ќе разменат мислења за најактуелните меѓународни и регионални проблеми“, соопшти Кремљ.


По средбата меѓу Путин и Си Џинпинг, планирано е да се потпише заедничка изјава меѓу двајцата лидери и серија билатерални документи.
Забележано е дека Путин и Си Џинпинг ќе присуствуваат на гала вечерата по повод 75-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи.


„Програмата на посетата на рускиот претседател предвидува негова средба со премиерот на Државниот совет на Кина, Ли Џианг, на која се очекува да разговара за прашања од билатералната соработка во трговската, економската и хуманитарната сфера“, велат од Кремљ.

Покрај Пекинг, рускиот лидер ќе го посети и Харбин – административниот центар на провинцијата Хејлонгџијанг, каде што ќе учествува на церемонијата на отворање на осмата руско-кинеска ЕКСПО и четвртиот руско-кинески форум за меѓурегионална соработка. Путин ќе се сретне и со студенти и професори на Политехничкиот универзитет Харбин.
Министерството за надворешни работи на Кина соопшти дека за време на посетата на Путин, лидерите на Русија и Кина ќе разговараат за соработка во различни области, како и за меѓународни и регионални прашања. Се нагласува дека дополнителни информации ќе бидат објавени подоцна.
Посетата на Кина ќе биде прва меѓународна посета на рускиот лидер по победата на претседателските избори во март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следна станица за Ѓоковиќ е Кина!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го потврди учеството…

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското…

Денес во Министерството за надворешни работи на…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…