СРЕДБА НА КОМУНИСТИЧКАТА ПАРТИЈА НА КИНА СО ЛЕВИЦА ВО СКОПЈЕ

t

Во духот на меѓународна солидарност и заедничките идеали, висока делегација на Централниот Комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК), предводена од заменик-министерот за надворешни работи Чен Џоу, ја посети централната канцеларија на #Левица во Скопје. Во рамките на посетата, во срдечна и другарска атмосфера беше остварена и работна средба помеѓу Президиумот на Партијата, на чело со претседателот проф. д-р Димитар Апасиев и кинеските претставници, при што во фокус беше размената на искуствата и идеолошкото зајакнување на меѓусебната соработка.

Делегацијата на КПК беше запознаена и со структурата и активностите на Левица, нејзиниот историјат и долгорочната визија за Партијата, но и за Република Македонија.

Оваа важна официјална средба отвора врати за идна стратешка соработка и нагласуваме дека посетата претставува значаен чекор кон продлабочување на братските односи со Комунистичката партија на Кина и кинескиот народ, врз основа на взаемно почитување, еднаквост и заеднички визии за иднината. Остануваме посветени кон унапредување на дијалогот, интернационализмот и солидарноста помеѓу сите народи на светот, што е суштински дел од нашата надворешно-политичка стратегија во услови на еден Нов мултиполарен свет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дете од Дебар е тешко повредено во…

Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…

Се гради најголемата пловна населба во Европа!

Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…

„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…

Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…

Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…

Во мај пријавени се три случаи потврдени…

Во текот на мај, во државава пријавени…