Средба на претседателот Пендаровски со генералот Ејрик Кристоферсен
Како што беше најавено денеска беше пречекана кралската армија на Норвешка, од страна на македонската армија.
Претседателот на државата, Стево Пендаровски денеска го прими началникот на норвешкиот Генералштаб, Ејрик Кристоферсен, началник на Генералштабот на Вооружените сили на Кралството Норвешка.
На средбата беше разговарано за севкупната билатерална соработка во областа на одбраната, која вклучува активности од доменот на воено-медицинска соработка, обуки и соработка помеѓу воените академии, како и за заедничкото учество и придонесот во меѓународните мировни операции.
Претседателот, Стево Пендаровски ја искажа својата благодарност за досегашната соработка и поддршка од Норвешка во процесот на имплементација на НАТО стандардите во нашата државата, за помошта во кризниот Ковид-19 период и севкупната финансиска поддршка во насока на градење на демократските капацитети на земјава.
Соговорниците разменија информации и мислења околу случувањата во Украина, двете нови кандидатури за членство во НАТО и јакнење на источното крило на Алијансата, како и за безбедносните предизвици со кои се соочува Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…