Средба на претседателот Пендаровски со амбасадорките на Украина и Швајцарија
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими амбасадорките на Украина и на Швајцарија во земјава, Наталија Задорожњук и Вероник Улман Марти.
Како што информираат од Кабинетот на претседателот, Пендаровски бил информиран за активностите и понатамошните чекори кои се преземаат со цел помош, поддршка и обнова на Украина, како и на одредени региони, градови и индустрии погодени од војната.
– Во таа насока претседателот беше запознаен со претстојната Конференција за обновување на Украина, која ќе се одржи во Лугано, Швајцарија, на 5 и 6 јули годинава, на заедничка иницијатива на украинскиот претседател Владимир Зеленски и швајцарскиот претседател Игнацио Касис, а на која ќе биде претставен Планот за обнова и развој на Украина, со цел надминување на последиците од војната и избегнување на општествено – економска криза од поголеми размери, соопштуваат од Кабиентот на претседателот Пендаровски.
Претседателот Пендаровски, како што посочуваат, се заблагодарил за упатената покана за учество на Конференцијата и посочил дека европската солидарност и јакнењето на меѓусебното партнерство е клучно во процесите за обнова на Украина и повторно воспоставување на мир, безбедност и стабилност на европскиот континенет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…