Средба на претседателот Стево Пендаровски со австриската министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер
Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Каролине Едштадлер, сојузна министерка за Европа и Устав на Република Австрија, во рамките на нејзината посета на Република Северна Македонија.
Во контекст на австриската поддршка за евроинтегративните процеси на земјата и регионот, претседателот Пендаровски и министерката Едштадлер укажаа на итната потреба од ефектуирање на безусловната одлука од март 2020 год. на Советот за општи работи на ЕУ за отпочнување на преговарачкиот процес, особено по последните случувања во поширокото соседство и геополитичките и безбедносни предизвици врз европскиот континент предизвикани од руската воена инвазија врз Украина.
Претседателот Пендаровски истакна дека Австрија како докажан пријател на регионот, има суштинска улога во приоритетизирањето на прашањето за политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан и токму со оваа посета на министерката за Европа, во моментот кога во фокусот на ЕУ е друг регион од континентот, се валидира ургентноста на нашето европско досие.
Во таа смисла, претседателот Пендаровски се заблагодари за реафирмирањето на австриската позиција, за европската перспектива на Северна Македонија, како и ставот дека секое одлагање на меѓувладината конференција со ЕУ, може да биде сигнал за други сили кои работат спротивно на европските вредности. Покрај ова, претседателот Пендаровски порача дека секое натамошно одложување на почетокот на преговорите, придонесува за растот на евроскептицизмот во земјата и широко ја отвора вратата за зголемено влијание на трети страни.
На средбата беа разменети мислења и за статусот на преговорите со Бугарија и можните изгледи за деблокада на нашиот европски пат. Соговорниците се согласија дека наметнатите предизвици не смеат да бидат дел од преговарачката рамка и дека стратешката геополитичка улога на Унијата, особено потребна денес, мора да кореспондира со иднината и визијата на регионот, за што пак, историјата не смее да биде пречка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…
Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…
Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…
Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…
Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…
Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…
Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…
Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…
Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…
Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…