Средба на Советот на амбасадори со поранешниот претседател Ѓорге Иванов
Република Македонија сите политички сили, интелектуалната елита, академската средина, младите, медиумите, невладините организации и граѓаните во целина треба да се обединат околу една и единствена заедничка платформа за да се забрза процесот на евроинтеграциите со цел земјата што побрзо да стане полноправна членка на Европската Унија.
Ова е заедничка констатација на денешната средба на Советот на амбасадори во состав Мухамед Халили, Ѓорѓи Филипов, Илјас Сабриу, Ивица Боцевски и Азиз Положани со поранешниот претседател на Републиката, Ѓорге Иванов.
Како што е наведено во соопштението од Советот на Амбасадори, за време на средбата беа разменети мислења за политичките и економските состојби во регионот, евроинтеграцијскиот процес и уставните измени.
Денешната средба, како што велат од Советот на амбасадори, е во рамките на нивните редовни средби и консултации со политичките личности и институции на земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…