Средба Николоски-Гир: Презентирана програмската определба на Владата за развој на инфраструктурата
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир.
На средбата министерот Николоски ја презентираше програмската определба на Владата и Министерството за транспорт, со посебен акцент на развој на инфраструктурата.
Тој ги потенцираше проектите за унапредување на целокупната инфраструктура, истакнувајќи ја заложбата на Владата за подобрување на регионалното поврзување преку изградба и модернизација на европските коридори.
Исто така, министерот Николоски ја истакна огромната важност од зголемување на капацитетите и потребата од искористување на средствата преку ИПА фондовите.
Тој на средбата ја истакна и важноста за континуираната поддршка што ја овозможува Европската Унија во евроинтегративниот процес како врвен приоритет и изрази благодарност за таквата соработка.
На средбата беше заклучено дека Владата во соработка со ЕУ ќе продолжи посветено да работи на реформските процеси, на борбата против корпуцијата и владееење на правото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спасовски: Потребна е политичка одговорност за инцидентот…
СДСМ повикува на одговорност, во врска со…
Нема докази дека малата Данка е убиена?…
И додека неофицијалните информации велат дека и…
(Видео) РУСИТЕ ГИ НАПУШТААТ ТЕНКОВИТЕ И БЕГААТ:…
Џими Раштон, аналитичар за безбедност и надворешна…
Црвена Младина го осудува вандализмот врз спомен…
Неидентификувани сторители ги уништиле икебаните и ја…
Хоспитализирани уште четири лица со голема кашлица,…
Во периодот од 2 до 8 август,…