Средба Османи-Рикер во Њујорк: Благодарност до САД за постојаната поддршка
Претстојното претседавање на Македонија со ОБСЕ во 2023 година, со акцент на приоритетите, предизвиците и идните планирани активности во овој контекст, биле во фокусот на средбата на министерот за надворешни работи Бујар Османи со Филип Рикер, виш советник на САД за кавкаски преговори и долгогодишен пријател на Македонија, на маргините на 77-то Генерално заседание на ОН, во Њујорк, САД.
Како што информираа од МНР, било реафирмирано и силното сојузништво меѓу Македонија и САД, со посебен акцент на неодамна одржаниот стратешки дијалог меѓу двете земји, како значајна пресвртна точка во севкупните билатерални односи.
– Соговорниците се осврнаа и на неодамнешното отпочнување на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија, при што Османи упати благодарност за силната поддршка од САД за нашиот евроинтегративен процес. Воедно, беше поздравен континуираниот американски ангажман во Западен Балкан како значајна гаранција за стабилноста и напредокот на целокупниот регион, што е особено важно во контекст на актуелните безбедносни предизвици, наведуваат од МНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Османи не го потврди доаѓањето на Лавров…
Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на…
Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…
За тврдењата на албанската опозиција дека во…
Османи: Европската агенда на Македонија мора да…
Враќањето на проширувањето на агендата на Европската…
Османи: СДСМ и ДУИ ќе кандидираат заеднички…
„Како никогаш досега, општеството е поларизирано по…