Објавено на:

Средба Путин–Трамп е „неизбежна“, но сè уште не е време, порача Кремљ

t

Лична средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп е прашање на време и неизбежна, но „времето за тоа сè уште не е дојдено“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Изјавата доаѓа во момент кога сè погласни се шпекулациите за нова дипломатска иницијатива, во сенка на војната во Украина и можен нов геополитички распоред.

Британскиот Тајмс објави дека е можно трилатерална средба меѓу Путин, Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг да се одржи во септември, за време на воената парада во Пекинг по повод 80-годишнината од победата над империјална Јапонија. Путин веќе го потврдил своето присуство на настанот, но од Кремљ велат дека досега нема официјална информација за планирана средба со останатите двајца лидери.

Во извадок од интервју со рускиот новинар Павел Зарубин, Песков истакна дека средба меѓу Путин и Трамп ќе се случи „со текот на времето“ и дека ќе биде неопходна. „Таква средба е можна и сигурно ќе се случи. Таа може да биде потребна за да се потпишат важни договори што претходно ќе бидат усогласени по напорна дипломатска работа. Но, тоа време сè уште не е дојдено“, рече Песков.

Во изминатите месеци, Путин и Трамп неколку пати разговарале по телефон, главно за ситуацијата во Украина. Трамп неодамна изјави дека е „разочаран“ и „незадоволен“ од однесувањето на рускиот претседател.

Коментарите на Трамп, според Песков, не се изненадување.

„Сите веќе се навикнаа на неговата острина и директна реторика. Во исто време, тој постојано нагласува дека сака да помогне во изнаоѓање мирно решение меѓу Русија и Украина“, рече Песков.

Тој додаде дека и Путин останува отворен за дијалог. „Претседателот Путин повеќепати ја изразил својата подготвеност што поскоро да се изнајде патот кон мир. Тоа е долгорочен процес, тежок и полн со предизвици, но има се поголемо разбирање за тоа и во Вашингтон“, заклучи портпаролот на Кремљ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Средба Путин–Трамп е „неизбежна“, но сè уште…

Лична средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин…

Мафијашки терор ја тресе Црна Гора: Милатовиќ…

Црна Гора се соочува со драматичен безбедносен…

Нашите индустриски производи се неконкурентни на европскиот…

Земјите од регионот имаат највисоки цени на…

Брлогот ја отвори душата за Максо: Верував…

Верував слепо. Ставив се што имав -…

По Данела и градоначалникот на Бутел доби…

Абе Емри, ќе се доискажеш ли !?…