Средба Јовески – Тупанчески, се најавуваат измена на повеќе закони
Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска имаше средба со министерот за правда Никола Тупанчески.
На средбата, како што соопшти Јавното обвинителство, меѓу другото, се разговараше за измената на повеќе закони кои во претстојниот период треба да овозможат непречено функционирање на работата на јавните обвинителства.
Освен ова, Јовески и Тупанчески дискутираа за неопходноста за кадровска доекипираност и финансиска независност на Јавното обвинителство, за зајакнувањето на внатрешните контролни механизми и за осовременување на системот за распределба на предметите.
Јавниот обвинител Јовески го запозна новоизбраниот министер за правда со донесениот правилник за начинот на оценување на работата на јавните обвинители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…