Средношколци од Скопје на екскурзија целата ноќ ја поминале на границата на Унгарија
Средношколци од Скопје, кои преку училиште заминале на екскуризја во Прага, целата ноќ ја поминале на меѓуграничниот простор меѓу Србија и Унгарија. Родителите реагирале, по што реагирало и Министерството за надворешни работи, но учениците веќе биле пуштени да поминат.
Веднаш по добивање на информацијата за застојот на наши граѓани на унгарскиот граничен премин, МНР преку својата Амбасада во Будимпешта, стапи во контакт со граничната полиција од каде доби потврда дека има вонреден застој на границата што е резултат од големиот број автобуси поради пролетните распусти на европските средношколци. За многу кратко време по остварениот првичен разговор, околу осум часот наутро, од страна на граничната полиција беше добиено известување дека нашите ученици поминале низ граничниот премин, информира МНР.
Од Министерството потсетуваат на дежурните контакт точки за пријавување на какви било проблеми при патувањата во странство.
Покрај телефоните на амбасадите, кои можете да ги најдете на нашата веб страна, потсетуваме и на: нашиот СОС телефон во Министерството: +38975273732 ; нашиот меил: [email protected] ; како и информациите на нашиот веб.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Една година власт на ВМРО-ДПМНЕ: Нула резултати,…
Неверојатна е леснотијата со која Мицкоски смета…
Трамп се потсмева со „одмаздата на Иран“:…
Американскиот претседател Доналд Трамп се потсмева на…
Земјоделците никогаш не биле по понижени, а…
Земјоделците никогаш не биле попонижени и посиромашни…
Американците објавија видео од Б-2А бомбардерите пред…
Министерството за одбрана на САД објави инсерти…
По една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија…
На една година од власта на ВМРО-ДПМНЕ,…