Српската Алта банка ја презема Стопанска банка од Битола

t

Комисијата за хартии од вредност на Северна Македонија донесе одлука со која се одобрува понудата на АЛТА банка АД Белград за преземање на Стопанска банка АД Битола.
Понудата вклучува 371.538 обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка, и заедно со 19.439 акции што веќе ги поседува АЛТА банка и поврзаните страни, претставува 100 проценти од основниот капитал на оваа банка.

Преземањето ќе се реализира по цена од 3.777 динари, односно нешто помалку од 7.200 динари по акција- објави Каматица. Како што е наведено во документацијата, понудата ќе се смета за успешна ако ја прифатат акционери кои поседуваат најмалку 273.795 акции, што е 70,03 проценти од вкупниот број акции со право на глас.

Да ве потсетиме дека во мај, Стопанска банка АД Битолa објави дека добила официјално известување од компанијата со седиште во Белград, „Алта груп д.о.о.“, за нејзината намера да понуди преземање на до 100 проценти од обичните акции со право на глас издадени од банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Австриски државјанин прегазил пензионер во Битола

71-годишен жител на Битола е тешко повреден…

(Видео) Сите фекалии се влеваат во Драгот,…

Советникот во Советот на Општина Битола, Иван…

(Видео) „Не се за пофалба, за затвор…

Директорите на јавните претпријатија во Општина Битола…

Запленети околу 35 килограми марихуана на патот…

На 03.09.2025 на регионалниот пат Битола- Прилеп…

Здравството во “четвртата економија во Европа”: Мојсоска…

Пратеничката Јована Мојсоска објави фотографии од клиничкиот…