Српската влада издвои три милиони евра за помош на најпогодените од пожарите
Српската влада издвои три милиони евра за помош на најпогодените од пожарите на денешната седница, изјави првиот вицепремиер и министер за финансии Синиша Мали. Тој рече дека владата донела одлука со која се издвојуваат дополнителни средства од тековната буџетска резерва за санација на последиците од штетите од пожарите што зафатија неколку подрачја во Србија.
„Во последните денови, нашата земја беше погодена од катастрофални пожари, кои, особено во јужна Србија, зафатија цели села, уништувајќи домови, имоти и сè што луѓето граделе со децении. Владата на Република Србија реагираше веднаш – на денешната седница донесовме одлука итно да издвоиме 350 милиони динари, или три милиони евра, од буџетската резерва за санирање на штетите, помош на најранливите и реконструкција на погодените подрачја.
Веднаш ја формиравме Комисијата за санирање на штетите предизвикани од пожари, која денес го одржа својот прв состанок, а чија задача, меѓу другото, ќе биде собирање податоци за штетите“, рече Мали, според соопштението од министерството, кое го пренесе Танјуг. Ова значи, истакнува тој, дека погодените граѓани ќе добијат средства за реконструкција на нивните домаќинства што е можно поскоро, како и за санирање на штетите во земјоделството и сточарството.
„Во моментов, наш апсолутен приоритет е помагањето на луѓето и така ќе биде сè додека не се обнови последното домаќинство. Граѓаните нема да бидат оставени сами во ова, заедно ќе решиме и надминеме сè“, рече Мали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српската влада издвои три милиони евра за…
Српската влада издвои три милиони евра за…
(Видео) СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО БЕЛГРАД: Неколку лица…
Пет лица се повредени денес во Белград…
Марта Кос: Србија е во многу тешка…
Секоја влада треба да размисли што и…
10 активни пожари до 12.30 часот: Еве…
До 12:30 часот има вкупно 10 активни…
За разлика од порано, сега се реагира…
„СДС повторно бесрамно лаже за пожарот кој…