Српската влада ослободува 40.000 тони дизел од резервите
Српската влада денес одлучи да ја продолжи забраната за извоз на нафта и нафтени деривати за погон на мотори до 2 април.
„Забраната се однесува на извоз на дизел, бензин и сурова нафта за сите видови транспорт, а ние ја продолживме како една од мерките за заштита на граѓаните и економијата од континуираниот пораст на цените на нафтата на светскиот пазар. Покрај тоа, одлучивме да ослободиме 40.000 тони дизел од резервите, како дополнителна мерка за заштита на пазарот, која ќе се спроведе во наредните денови“, изјави министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, соопшти министерството.
Министерката изјави дека целта на мерките што се донесуваат, како што е намалувањето на акцизата за горива за 20 проценти, е да се заштити домашниот пазар од недостиг на нафтени деривати и скокови на цените, поради глобалните нарушувања на светскиот пазар поради конфликтот на Блискиот Исток и зголемувањето на цените на нафтата за 40 проценти во последните недели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српската влада ослободува 40.000 тони дизел од…
Српската влада денес одлучи да ја продолжи…
ДУИ бара Владата да го разреши министерот…
Она што го предупредуваше ДУИ веќе се…
ПОСКАПИ ГОРИВА ОД ПОЛНОЌ: Дизелот поскапува за…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Српската влада привремено ги намалува акцизите за…
Српската влада одлучи привремено да го намали…
Ставиле многу трошоци што не ги употребува…
Владината просечна потрошувачка кошничка е за 160…