Српската полиција трага по Македонец: Неговата девојка е пронајдена мртва, а тој исчезнал откако го пријавил случајот
Саманта В.(31) е пронајдена мртва во стан во Власотинце, а полицијата се уште интензивно трага по нејзиното момче, државјанин на Македонија.
Смртта на несреќната девојка била пријавена синоќа околу 22 часот.

-Постои сомнеж дека Саманта била мртва неколку дена, но дека момчето дури синоќа го пријавило случајот во полиција. Таа беше пронајдена во кревет во локва крв и покриена со ќебе, но не можеше точно да се утврди од што починала, па наредена е обдукција, вели изворот за српските медиуми.
Македонскиот државјанин кој бил момче на Саманта после тоа исчезна, а полицијата трага по него. Тој се уште не е осомничен, но потребно е да даде изјава.
На местото каде со години живеела Саманта В., велат дека биле изненадени од нејзината смрт.
„Таа е од Власотинце, а еве неколку години беше во брак со мојот братучед. Имаат две деца, работеше во фабрика, но се разведоа и таа се врати во родниот град“ – вели братучедот на поранешниот сопруг на починатата.
„Слушнавме дека е пронајдена мртва, но не знаеме ништо, дали е убиена или штотуку починала. За смртта нејзиниот поранешен сопруг бил известен од полиција, во селото доаѓала патрола“ – објаснува роднината.
Како што вели Саманта не ја видела речиси две години.
-Ги остави децата во селото, братучед ми се прежени, а Саманта некако се оддалечи од нас. Еднаш ја запознавме со еден дечко, веројатно Македонец, зборуваше културно и продолжи понатаму. Многу ни е жал, најлошото за нас е што не знаеме како го загубила животот, додава роднината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…