Српска фолк-пејачка се најде во учебник по македонски јазик, во лекција за „Штетни информации“

t

Познатата српска фолк-пејачка Снежана Ѓуришиќ се најде како пример во учебник по македонски јазик за седмо одделение. На 228 страница, во лекцијата посветена на „Штетни информации“, нејзиниот изглед е искористен за илустрација пред учениците.

Во делот се прикажани фотографии на Ѓуришиќ со и без филтри, со објаснување дека „познатата пејачка е покажана како изгледа без филтри со цел да се наштети и да се види колку е остарена и колку се разликува нејзиниот изглед од приватниот“.

Учебникот содржи и QR-код што води до српскиот портал „Република“, каде што е објавена веста под наслов „Правото лице на Снежана Ѓуришиќ…“.

Родител кој наидол на оваа лекција вели дека бил шокиран од пристапот, прашувајќи се како е можно ваков пример да се користи за ученици. Учебникот е одобрен во август 2025 година. Издавач е „Тримакс“, автор е Лилјана Јовановска, а покрај тоа има и неколку рецензенти, уредник и лектор. – Скопје1.мк

извор:Скопје1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српска фолк-пејачка се најде во учебник по…

Познатата српска фолк-пејачка Снежана Ѓуришиќ се најде…

Бугарски граѓани бараат да ѝ се одземе…

Во Мелник, Бугарија, се одржал народен собир…

САД: Заканите на Додик за отцепување на…

Американската амбасада во Босна и Херцеговина денеска…

МОН пуштени на “најјако”: Промени и на…

 Комисија формирана со одлука на министерот за…

Дојави за бомби во училишта во Република…

Е-пошта за бомбашки напади се примени рано…