Српскиот министер “ифрит лут”: Тргнал на свадба кај Бочварски, чекал еден час на граница
Српскиот министер за градежништво, Томислав Момировиќ вчера вечер сакал да дојде на венчавка кај колегата Бочварски, но на граница чекал повеќе од еден час, се пожали министерот на Твитер.
За него тоа е неприфатливо и вели дека Отворен Балкан е потребен за да се спречат вакви ситуации.
„Тргнав во Скопје, на венчавката кај мојот пријател и колега Благоја Бочварски. На граница чекав подолг од еден час. Тоа е неприфатливо. Потребен ни е Отворен Балкан“, пишува Момировиќ на Твитер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Потребен е нов модел за изградба на…
Моделот што моментно се применува при изградба…