Српските медиуми не’ жалат: Македонија има гас за само две недели од грејната сезона
Македонија има гас за само две недели, велат српските медиуми кои ја коментираат вчерашната изјава на премиерот Димитар Ковачевски.
Во сабота на 15 октомври ќе почне грејната сезона во Скопје, иако земјава има гас за само две недели работа на топланите, односно до 1 ноември, пишува “Политика”.
Премиерот Димитар Ковачевски вечра посочи дека земјава е подготвена да користи алтернативно гориво за затоплување на домови, училишта, градинки, деловни простории, министерства, имајќи предвид дека топланите можат да работат на гас и мазут.
„Годинава направивме се Скопје да има парно на 15 октомври. Не беше лесно со оглед на екстремно високата цена на гасот. Но, со оглед на краткорочното поевтинување на гасот и договорот што Макпетрол го има со добавувачот со кој традиционално работи, сумата за работа на топланата е обезбедена до крајот на октомври. А, доколку гасот енормно поскапи, државата е подготвена да ги затоплува домовите на граѓаните на алтернативно гориво“, рече Ковачевски.
Знаете дека имаше пренасочување на гасоводот кон север, што ги намали испораките, потоа често има намалување на протокот…“, рече Ковачевски.
Премиерот рече дека до 1 ноември гасот го обезбедува Мекпетрол по цена од 1.713 евра за 1.000 кубни метри гас.
„До крајот на грејната сезона ќе се утврди концептот на греење, односно енергија во зависност од тоа дали и во каков режим ќе работи гасната централа ТЕ-ТО, која како нуспроизвод од производството на електрична енергија испорачува топлинска енергија, “ соопштија од компанијата.
Доколку не се набави гас за топланите (Исток, Запад, Скопје-Север и онаа во Железара), тогаш главниот град ќе мора да се загрева на мазут, се вели во соопштението, пренесе Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…