Српските туристи заинтересирани велигденските и првомајските празници да ги поминат во Македонија

t

Српските туристи се многу заинтересирани за патување во странство за време на претстојните велигденски и првомајски празници, а според директорот на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија ЈУТА, Александар Сеничиќ, овој интерес е уште поголем отколку во годините пред Ковид, при што срспките граѓани повеќето планираат да патуваат во европските земји, но и во Охрид и Скопје, јави дописникот на МИА од Белград.

-Најголем интерес во европските градови е пред се за најевтините патувања со автобус. Тука имаме различни патувања од две до пет до шест ноќевања во зависност од дестинацијата, а најинтересни градови се Истанбул, Солун, Софија, Темишвар, Прага, Виена, но и градовите од северна Италија како и оние од нашата непосредна околина, изјави Сеничиќ за Танјуг.

Тој додаде дека во соседството на Србија, за туристите од Србија најинтересни се градовите во Македонија, Охрид и Скопје, кои ги посетуваат или во комбинирани тури или самиот Охрид, како и Црна Гора.

Според него, постои голем интерес и за градски тури во Босна и Херцеговина, Требиње, Сараево, Бања Лука, Мостар.

-Повеќето луѓе ќе бидат на вакви патувања со оглед на ниските цени кои се движат од 30 до 39 евра и до 200 евра, во зависност од дестинацијата и должината на престојот, рече Сеничиќ. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…