Српски новинари добиле закани: „Куршум во тилот“ ако стапнете во Косово
Српската новинска агенција Танјуг објави на својот сајт дека денеска добиле заканувачко писмо испратено од лице потпишано како „Трим Барди“, во кое се вели дека секој новинар на таа агенција „ќе го добие куршум во тилот“ ако стапне на Косово.
-Гледаме дека во последно време вашата пропагандистичка, шовинистичка и воено-хушкачка машина наречена „Танјуг“ станува се поагресивна, користејќи го шовинистичкото име „АП КиМ“ за Република Косово, во служба на диктаторот … Александар Вучиќ. Ги следиме лагите што секојдневно се шират низ државата Косово и Албанците, како што ги следиме движењата на секој новинар на вашата псевдомедиумска агенција во Косово, бидете сигурни дека некој од нив ќе добие куршум во тилот следниот пат кога ќе стапне на тлото на Република Косово. Следиме се, се наведува во заканата.
Агенцијата објави дека ги ангажирале сите надлежни служби да реагираат по смртните закани кон новинарите на Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ама премирот наш најави бум: Светска банка…
Глобалната економија ќе ја доживее најбавната деценија…
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството…
Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го…
Родители на починатите во пожарот во Кочани…
Родители на починатите во пожарот во клубот…
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…