Објавено на:

Српски форензичар објаснува: Дали телото на Матеј Периш можело да исплива после цели пет месеци?

t

Телото кое денес беше пронајдено во водите на Дунав во Белград, а кое според описот на облеката одговара на исчезнатиот Матеј Периш од Сплит, можно е цели пет месеци да било под вода, појаснуваат српските форензичари за тамошните медиуми.

На прашањето како е можно по цели пет месеци од исчезнувањето, телото на момчето дури денес да исплива (доколку и ДНК анализата покаже дека се работи за Периш), одговара белградскиот форензичар Часлав Ристиќ.

Според него, ако водата е ладна кога некој ќе се удави, телото испливува на површината дури и по неколку месеци.

-Се зависи од околностите и од самата река. На дното на реката има многу растенија, отпад и гранки. Важно е како паднал во водата. Ако паднал и се закачил на некоја гранка, можно е и никогаш да не исплива.

Но, ако само се удавил, поради тоа што водата е доста ладна, телото испливува на површината многу подоцна, можеби и по неколку месеци.

При распаѓање на телото се ослободуваат гасови, па тоа се пумпа како балон и на крај испливува на површината – појаснува форензичарот.

Во лето поради повискоката температура на водата, која се движела од 20 до 25 степени, се случувало телата на давениците да испливаат на површината многу побргу, за три до четири дена.

Случајот со Матеј Периш, кој исчезна во Белград кон крајот на декември лани, го крена регионот на нозе. Се испреплетуваа многу теории на заговор, околу тоа што би можело да се случи со младиот човек, кој со друштвото дошол во Белград да ја дочека новата година.

Делегација од хрватската полиција веќе се упатила кон Белград, и ќе се истражува дали на пронајденото тело има траги на насилство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Се појави нова снимка со која…

Вечерва на социјалните мрежи се појави зумирана…