Објавено на:

Српското обвинителство им одреди притвор на косовските полицајци, ги сомничи за нелегално поседување оружје

t

Вишото јавно обвинителство во Краљево донесе наредба за спроведување истражна постапка против тројца косовски полицајци поради сомнение дека сториле кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материјали, јавува Радио Слободна Европа.

Обвинителството во тој град на југот на Србија на 16 јуни по распитот на полицајците соопшти дека на сите осомничени им е одредена мерка притвор.

Косовскиот премиер Албин Курти претходно, на „Преспа форумот“ во Струга изјави дека обвинителот во Србија очигледно се откажал од обвинението за тероризам и дека полицајците се товарат за нелегално поседување оружје.

Според властите во Белград, тројца косовски полицајци биле уапсени на 14 јуни, на длабочина од повеќе од еден километар на територијата на Србија.

Директорот на Канцеларијата за Косово на Владата на Србија, Петар Петковиќ, во првите обраќања ги означи како „терористи“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, потоа изјави дека „треба така да гледате кога некој со оружје ќе ја нападне вашата територија“.

„Ќе видиме кои биле вистинските намери на уапсените, дали имале посериозни планови. Можно е навистина да не знаеле каде се“, рече Вучиќ.

Властите во Приштина тврдат дека косовски полицајци биле киднапирани на територијата на Косово при обиколка на границата.

Овој случај е последен во серијата инциденти кои ги зголемија тензиите меѓу Србија и Косово во последните недели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните…

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) утрово објави…

МНР во комуникација со семејството на момчето…

Министерството за надворешни работи информира дека до…

(Видео) Резил: Руте го нарече Трамп „тато“

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес…

Левица: Македонија ќе одвојува 5% од БДП…

Дводневниот самит во Хаг го покажаа вистинското…

Шекеринска: Без дијалог Белград–Приштина, нема напредок кон…

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, во…