ССМ го става во мирување штрајкот во регионите погодени од невремето

t

На итна седница на Штрајкувачкиот одбор – Претседстелството на ССМ одржана по електронски пат донесена е едногласна одлука за ставање во мирување на генералниот штрајк во регионите на општините Делчево, Виница и Демир Капија, кои попладнево беа погодени од невреме, заради потребата од ставање на сите расположливи капацитети за справување со последиците од елементраната непогода.

Штрајкот ќе биде во мирување до завршување на потребата за ангажирање на дополнителни капацитети за справување со последиците од невремето во погодените региони.

-По информации добиени од штрајкувачите од погодените региони од невремето, како и заради ограничувањата предвидени со правилата за генералниот штрајк неопходно беше да се донесе Одлуката врз основа на која 100 отсто од вработените во јавниот сектор во погодените региони, а кои штрајкуваат ќе бидат ставени во функција за расчистување на последиците од невремето. Нашите колеги браќа и сестри синдикалци се веќе на терен и истите помагаат на најпогодените, информира за МИА од ССМ. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силно невреме во Муртино, поплавени ниви и…

Силно невреме попладнево го погоди струмичкото село…

ВМРО-ДПМНЕ работи на поткопување на синдикалната борба…

Левица апелира за обид на ВМРО-ДПМНЕ да…

(Видео) Сакате евтина работна сила за да…

Лесно е со 160.000 месечна плата да…

Ампева: СРАМ ДА ВИ Е на „синдикатите“…

Срам да им е на „синдикатите“ кои…

(Фото) 1 Мај: Некој протестира, некој чека…

Денес по повод 1 Мај, Денот на…