ССМ денеска повторно на протест пред Собрание
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска пред Собранието ќе постави столчиња во знак на поддршка на членовите на Комисијата за финансирање и буџет за да го изгласаат амандманот со кој се бараат средства во ребалансот на Буџетот за линеарна исплата на 2806 денари во нето износ за вработените во јавниот сектор.
Ќе бидат поставени 14 столчиња, а протестот ќе почне во 11 часот и во тој временски период сообраќајот ќе биде во прекин.
„Ќе бидеме на улица за да им дадеме поддршка на пратениците членови на Комисијата за да го изгласаат амандманот на ССМ со кој ќе се предвидат 2806 денари за секој еден работник во јавниот сектор. Доколку не дадат поддршка за амандманот на ССМ, ќе ги повикаме сите по име и презиме, за секој еден работник да знае кој е пријател, а кој непријател на работникот и јавно ќе побараме оставки од сите нив зошто не се достојни да го претставуваат работникот и граѓаните во Парламентот“, велат од ССМ.
Генералниот штрајк во јавниот сектор почна на 22 јуни со барања за линеарно зголемување на платите за 2806 денари во нето износ за сите вработени согласно зголемувањето на минималната плата, потпишување на Општиот колективниот договор и исплата на К-15. На првиот ден од штрајкот беа поставени 120 столчиња пред Собранието, а на вториот ден 21 столче пред Владата. Во изминатите денови столчиња беа поставени и пред министерствата за финансии и за труд и социјална политика. Синдикалните претставници во понеделникот три часа го блокираа и влезот на Скопје кај Автокоманда.
Штрајкот уследи откако не беше постигнат договор меѓу синдикатот и Владата. Синдикатот останува на ставот за линеарно зголемување на платите, додека од Владата велат дека треба да се најде системско решение за раст на платите, а не да се прифаќаат ад хок решенија.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ССМ ги повикува работниците на протест по…
Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест…
Трендафилов: Ќе бараме зголемување на минималната плата…
ССМ ќе побара враќање на трошоците за…
Минималната кошница за јануари 2024 година изнесува…
Вредноста на синдикалната минимална кошница за јануари…
(Видео) Крмов на протест со пензионерите –…
Денес пред Собранието на Република Македонија повторно…
(Видео) Здружението „Лесја Украинка“ изразува протест за…
Здружение на Украинци во Република Македонија „Лесја…