ССМ: За минимум нормален живот на едно четиричлено семејство недостигаат повеќе од 7000 денари!
Владата да донесе одлука за зголемување на платите за 18,4 отсто согласно Законот, а не да ги манипулира работниците со паушални зголемувања на платите од 2, 3, 5, 10, 15 отсто без никакви критериуми, реагира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Владата на седница веднаш да донесе Одлука за зголемување на платите на вработните во јавниот сектор за 18,4 отсто согласно усогласувањето утврдено во Законот и да не прави дискриминација на своите вработени со паушални зголемувања од 2, 3, 5, 10 или 15 проценти со што прави обид да го минира генералниот штрајк, а прави уште поголем револт кај вработените, наведува ССМ во денешното соопштение до медиумите.
Според Сојузот, Владата води погрешна политика, мислејќи дека креира политики со кои се справува со кризата, а податоците го покажуваат спротивното, дека разликата меѓу просечната нето плата и синдикалната кошница во 2022 година е 7.384 денари.
Толку пари недостигаат за да може минимум нормално да живеее едно четиричлено семејство со просечна плата ако има само еден вработен. Лани таа разлика изнесувала многу помалку и била 5.436 денари, во 2020 година изнесувала 6.925 денари, во 2019 година 7.816 денари, а од друга страна и влијанието на порастот на цените и порастот на животните трошоци, растот на инфлацијата која од месец за месец е се поголема и за месец јуни изнесува 14,5%, влијае врз намалувањето реалната вредност на работничките приходи, исто така и на куповната моќ на работниците што доведува до осиромашување на целокупното население што е една од најголемите причинители што ги обесхрабува и демотивира работниците, велат од ССМ.
Сојузот ги потсетува Владата, општините и газдите од приватниот сектор дека Кривичниот законик се применува за сите, без исклучок, а предвидува – секој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор за засновање или престанок на работниот однос, за платата и надоместоците на платата, работно време, одморот или отсуството, заштитата на жената, младината и инвалидите или за забрана на прекувремената или ноќната работа и со тоа повреди, одземе или ограничи право што на работникот му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
За тоа, до септември, како што вели Законот, платите и во јавниот и во приватниот сектор треба да се успогласат за 18,4 отсто, а ССМ бара, се бори и е одлучен до крај да истрае во за работниците да добијат достоинствени плати утврдени согласно Законите и колективните договори кои мора да се спроведуваат и покрај сите притисоци, истакнува ССМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ССМ ги повикува работниците на протест по…
Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест…
Трендафилов: Ќе бараме зголемување на минималната плата…
ССМ ќе побара враќање на трошоците за…
(Видео) Треба да се задолжам за да…
Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…
Минималната кошница за јануари 2024 година изнесува…
Вредноста на синдикалната минимална кошница за јануари…
ССМ поднесе до Собранието предлог за намалување…
Сојузот на синдикатите на Македонија поднесе предлог…