ССМ излегуваат на протести: Се бара минимална плата од 600 евра и по 100 евра зголемување на сите останати плати

t

Нема никаков напредок околу прашањето за зголемување на минималната плата. Владата како да нема слух за барањата на синдикатите и за потребите на работниците за зголемување на платите и наместо да бара решение сака да остане настрана од проблемот.

Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека не гледаат „светло во тунелот“ , односно позитивни вибрации од страна на Владата и работодавачите за поголемо зголемување на платите од законското усогласување во март. Поради тоа од 15 јануари излегуваат на протести.

-Од втората половина на јануари излегуваме на протести. Предвидени се штрајкови во повеќе институции и блокади на улици. Ако повторно нема разбирање од Владата и од работодавачите дека платите мора да растат не е исклучена и можноста за генерален штрајк во јавен и приватен сектор.

Барањето е јасно 600 евра минимална плата и по 100 евра зголемување на сите останати плати, изјави за „Локално“, Иван Пешевски од ССМ.

Тој вели дека не држи вода тврдењето на работодавачите дека ако се зголеми минималната плата се прави притисок и на останатите плати, односно ако не се зголемат другите плати работниците ќе бидат демотивирани. ССМ не бара да се зголеми само минималната плата, туку и сите останати плати.

Тие сметаат дека зголемување на платите од 100 евра за големите компании не значи ништо, а за работниците ќе значи дополнителен мотив за поголемо залагање, поголема додадена вредност, поголема продуктивност….

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ССМ излегуваат на протести: Се бара минимална…

Нема никаков напредок околу прашањето за зголемување…

Романтиката се претвори во хорор: Прскалки на…

Прскалки поставени на свадбена торта, закачена на…

Величковски: Држава која не гарантира безбедност и…

Остра реакција испрати лидерот на Нова Република,…

Драма во хотелот Порин во Загреб: Русинка…

Двајца странци, 38-годишна Русинка В.А. и 32-годишниот…

Мицкоски во среда прави лидерска средба –…

Средбата е закажана и на неа ќе…