ССМ најави масовни протести од утре: Не добиле средба со Владата
За време на протестите од 1-ви Мај, организиран од страна на Сојузот на Синдикати, заменик премиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за Труд и социјална политика Јована Тренчевска ги дочекаа работниците пред владата со ветување дека ќе се исполни барањето за линеарно зголемување на платите од 2806 денари.
Но, иако ветија дека во ребалансот на буџетот ќе се предвиди и ова зголемување, истото излезе дека е измама, велат од Сојузот на синдикати на Македонија. Револтирани, бараат итна средба со претставници на владата. Од независните синдикати и од Конфедерацијата на сојузот на синдикати за утре најавија масовни протести. Незадоволни се и претставниците на Управата за водење на матични книги кои продолжуваат да бидат во штрајк.
Во врска со барањата на синдикалците Министерот за Финансии Фатмир Бесими во една негова колумна вели:
„Треба да се договори сеопфатна методологија со која ќе се прилагодат платите во целиот јавен сектор. Во оваа методологија ќе се вреднува продуктивноста, како и одржувањето на стандардот (растот на реалната плата и инфлацијата). Соодветно кога ќе се постави методологијата ќе се наменат и средства“.
ТВ21 ја праша владата дали ќе ги примат на разговор претставниците на синдикатите и дали ќе се изјаснат на нивните барања. Оттаму ни велат дека преговорите продолжуваат. Штом се закаже средбата со Сојузот на синдикати на Македонија, јавноста ќе биде известена.
Протестот е закажан за утре со почеток од 14:00 часот од Жена парк, ќе продолжи кон Собранието, потоа кон Министерството за Правда за да заврши пред Министерството за Финансии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ССМ предупредува – за неисплатен К-15 до…
Сојузот на синдикати на Македонија денеска со…
ССМ против зголемување на старосната граница за…
Сојузот на синдикатите на Македонија е сериозно…
(Во живо) Секој втор кочанчанец во текот…
Секој втор кочанчанец во текот на 2023…
Мицкоски го обвини ССМ дека е политички…
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва го обвини Сојузот…
ССМ бара итен раст на платите: Минималната…
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) очекува…