ССМ објави: Минималната синдикална кошничка повторно порасна
Минималната синдикална кошничка за февруари изнесува 36.146 денари и е повисока за 335 денари во споредба со јануари 2022 година.
Од нив за исхрана и пијалаци одат 15.440,48 денари или 42,72 отсто, а за домување се неопходни 11.511,6 денари, односно 31,85 отсто.
За хигиена на едно четиричлено семејство во февруари годинава според синдикалната кошничка му биле потребни 2.453,63 денари или 6,79 отсто, за превоз 2.766,32, односно 7,65 отсто и за облека и обувки 2.156,61 денар, поточно 5,97 отсто. За култура семејството требало да одвои 1.067,86 денари, односно 2,95 отсто, а за одржување на здравје 749,07 денари или 2,07 отсто од вкупната сума на минималната синдикална кошничка.
Минималната синдикална кошничка што ја определува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) се однесува на задоволување на основните месечни потреби за едно четиричлено семејство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ССМ предупредува – за неисплатен К-15 до…
Сојузот на синдикати на Македонија денеска со…
ССМ против зголемување на старосната граница за…
Сојузот на синдикатите на Македонија е сериозно…
Мицкоски го обвини ССМ дека е политички…
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва го обвини Сојузот…
ССМ бара итен раст на платите: Минималната…
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) очекува…
ССМ ги повикува работниците на протест по…
Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест…