ССМ повикува на блокада во вторник: „Ќе ги оневозможиме пратениците да наплатат патни трошоци кои надминуваат и 100 евра за еден ден“

t

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) врз основа на заедничката Одлука на Претседателството на ССМ и Советот на ССМ, а согласно Законот за јавни собири организира протест со блокада на ден 10.02.2026 година (вторник), кој ќе се одржи пред Собранието на Република Македонија со почеток во 9 часот, известуваат од Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ).

„Протестот / БЛОКАДАТА ќе се одржи пред Собранието на Македонија, односно на улиците – “11-ти Октомври“ и “Даме Груев” .

Пратениците цела година молчат за предлогот на ССМ за зголемување на минималната плата и за зголемување на сите останати плати.

За да ги заштитиме интересите на работниците, работниците бараат минималната плата веднаш да се зголеми на 600 евра, а останатите плати да се зголемат за најмалку 6.000 денари или за разликата од зголемувањети на минималната плата ( од сегашната минимална плата и новата минимална плата).

Пратениците се глуви на работничките барања за зголемување на работничките плати, а работниците им дале мандат да уживаат во луксузот со 79% зголемени плати кои дополнително ќе се зголемат за 12,6 % доколку Уставниот суд ја укине Уредбата на Владата од минатата година и ќе се зголемат за 9,2% колку што пресмета Гувернерот на Народната банка дека изнесува порастот на просечната плата за 2025 година или ќе добијат вкупно 21,8% зголемување на нивните плати.

Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 евра за раборниците е срамно.

Истите пратеници кои уживаат право на собраниско бифе по ниски цени и трошоци за патување до нивното работно место е нешто што им го скратиле на работниците и нешто што не им го утврдуваат како право на храна и превоз на работниците.

Пратениците први ќе се соочат со работничкиот гнев, а преку БЛОКАДАТА ќе ги оневозможиме тој ден да наплатат патни трошоци кои надминуваат и 100 евра за еден ден, да дојдат пешки или со градски превоз онака како што одат на работа работниците.

Ги потсетуваме дека не само што мораат итно да гласаат за зголемување на минималната плата и за згомемување на сите останати плати, мораат да гласаат и за намалување на функционерските плати по иницијативата на ССМ.

Доколку и понатаму молчат, преминуваме на собирање на 10.000 потписи со кои ќе ги намалиме нивните, а ќе ги зголемиме работничките плати. Ќе мораат да бираат, ќе гласаат за себе, а против работниците ( нивните гласачи) или ќе гласаат за работниците !

За време на протестот ќе биде обезбедено непречено движење за потребите на Итната медицинска помош, Противпожарната бригада и полицијата, а воедно им се извинуваме на граѓаните кои ќе имаат потреба да се движат во периодот на Блокадата по наведените улици, а секој итен случај ќе биде пропуштен да помине.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ССМ повикува на блокада во вторник: „Ќе…

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) врз…

Црногорските транспортери ја прекинаа блокадата на границите

Црногорските транспортери донесоа одлука да ги прекинат…

Македонските камионџии денес ги блокираат сите гранични…

Поради најавата на транспортните превозници за блокада…

(Видео) „Стоп за Усје“ највува граѓанска блокада…

Пред утрешната блокада најавена од граѓанската иницијатива…

ГП Евзони ќе биде блокиран денеска од…

Почнувајќи од 17 часот денеска, грчките земјоделци…