ССМ предупредува – за неисплатен К-15 до крајот на годината следуваат ригорозни казни

t

Сојузот на синдикати на Македонија денеска со соопштение потсети дека на работниците треба до крајот на годината да им биде исплатен регрес на годишен одмор, попознат како К-15, регулиран со Општите колективни договори на јавниот и приватниот сектор.

„Како репрезентативен синдикат во јавниот сектор, минатата 2023 година го потпиша Општиот колективен договор за јавен сектор со кој по подолг временски период покрај другите права го обезбеди и правото на регрес за годишен одмор за сите вработени во јавниот сектор. Во таа смисла потсетуваме дека ова право треба да им се обезбеди на работниците до крајот на годината, за што всушност Владата на својата последна седница донела одлука дека целиот јавен сектор треба да исплати регрес за годишен одмор за вработените, а работодавачите потребно е да ја почитуваат во целост“, информираат од ССМ.

Оттаму нагласуваат дека имплементацијата на Општите колективни договори за приватен и за јавен сектор потпишани од ССМ е задолжителна. Работодавачите што не го исплаќаат регресот, според законот ќе добијат парични казни во вредност од 2.000 до 3.000 евра за компанијата, и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице.

Работодавачите кои што ќе бараат исплатениот регрес да им биде вратен од страна на вработените ќе се соочат со затворска казна од три месеца до една година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Политичкиот притисок врз ССМ ќе се одрази…

Битката за повисока минимална плата во Македонија…

Трендафилов: Не знаев дека сум толку јак…

„Јас не знаев дека сум толку јак…

Трендафилов: Политички играчи прават упад во синдикатот

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија,…

ССМ: Минималец поголем за 6000 денари или…

Сојузот на синдикати на Македонија не се…

Трендафилов: Некои синдикалци работат на штета на…

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска…