ССМ: Работодавачите имаат голем профит, веднаш да се пристапи кон зголемување на платите на работниците
Сојузот на синдикати на Македонија бара Владата и работодавачите од приватниот сектор веднаш да пристапат кон зголемување на платите на работниците бидејќи, како што велат, и во време на пандемија, работниците помогнале да се зголеми капиталот на работодавачите, а државата наплаќала даноци.
“Стоте најголеми компании оствариле вкупна добивка од 735,5 милиони евра во 2021 година, додека во 2020 година, добивката на овие компании била 517,4 милиони евра, што значи дека за една година добивката се зголемила за 42 проценти. Тоа значи дека работниците само во овие 100 најголеми компании биле попродуктивни и на своите работодавачи им сработиле фантастична добивка за дополнителни 218,1 милиони евра за само една година”, наведува ССМ.
Од ССМ нагласуваат дека за разлика од зголемената добивка на капиталот на работодавачите, платите на работниците се зголемени за само 5,8 проценти колку што се зголемила просечната плата од декември 2020 до декември 2021 година според Државниот завод за статистика.
“Ова е периодот за кој Државниот завод за ревизија во извештајот за преземените владини мерки и политики за поддршка на вработувањето и професиите погодени од ковид-пандемијата констатира намалени приходи во Буџетот на РСМ во вкупен износ од 1 437 005 илјади денари, односно околу 23 милиони евра, а голем дел од тие средства не ни стигнаа до сметките на работниците, а за што ССМ предупредуваше дека ќе се случи”, велат од ССМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шведска бара работници, еве од кои професии!
И Шведска бара странски работници, објави schengen.news. Шведска…
Владата препорача бремените и старите лица да…
Владата на Република Македонија, на барање на…
Приведени пет странски работници од Турција и…
На 04.06.2024 во 12.30 часот, полициски службеници…
Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат…
Во Европската унија во 2023 година, 7,1…
Повеќе од два милиони несреќи при работа…
Во 2021 година, ЕУ забележа повеќе од…