ССМ: Слаб е ефектот од декемвриската кошничка

Разочарувачки се ефектите од новогодишната акција, тврди Слободан Трендафилов, претседател на ССМ, откривајќи дека во споредба со декемвриската, синдикалната минимална кошничка за јануари 2025 година е зголемена за 391 денари, а вкупно нејзината вредност е 63.252 денари. Вредноста пак на трошоците за храна и пијалоци бележи зголемување за 63-те основни производи, кои ги мери Синдикатот е повисока за 123 денари.
Според Трендафилов, минатогодишната инфлацијата во Македонија е околу 20 проценти, а 3,5. И оваа инфлација не е дека македонските граѓани многу пазарат, туку дека трговците не го одржаа ветувањето ни кон Владата, а најмалку кон граѓаните. Трендафилов е дециден дека платите во Македонија мора да се зголемат за најмалку 20 отсто и тоа не само на минималецот, а газдите досега не покажале „ниту ронка почит кон своите работници“.
-Трговците не го одржаа ветувањето дека ќе ги намалат цените во декември за најмалку 10 проценти, а според нашите пресметки со сите минатогодишни акции, синдикалната кошничка за една година е поскапена за 10,43 отсто. Ова значи дека цените на производите фиктивно се намалувале, а трговците се богателе на грбот на граѓаните. Тоа што сега го ветуваат дека во наредните месеци ќе ги задржат цените на основните производи е мамка за да не ги намалат цените на производите кои се намалуваат на светските берзи. Затоа и со мерката „Новогодишна кошничка“, немаше реално намалување на цените на над 1.000 производи – сумираше Трендафилов.
ССМ размислува во наредниот период да преземе поригорозни чекори, за да им укажат на граѓаните што е добро, а што е лошо.
-Сите ние знаеме дека во изминатите неколку месеци, трговците се покажаа како далеку лош пример за македонското економија, ако знаеме дека минатата година имаа енормни добивки и профити – потенцира Трендафилов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ работи на поткопување на синдикалната борба…
Левица апелира за обид на ВМРО-ДПМНЕ да…
(Видео) Сакате евтина работна сила за да…
Лесно е со 160.000 месечна плата да…
Ампева: СРАМ ДА ВИ Е на „синдикатите“…
Срам да им е на „синдикатите“ кои…
(Фото) 1 Мај: Некој протестира, некој чека…
Денес по повод 1 Мај, Денот на…
(Во живо) Работниците скандираат „лопови“ и „апаши“…
- Ова не се работодавачи, ова се…