Стабилен како кула од карти: Мицкоски пак го смени ставот, ќе поддржи уставни измени ама не под овие услови
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска повторно го промени ставот на партијата за поддршката за престојните уставни измени во Собранието.
– Ако мислат дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи овие уставни измени под овие услови и овие околности, тогаш еве јавно кажувам дека тоа нема да се случи. Ние имаме јасна позиција – нема да поддржиме уставни измени под овие услови, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање за коментарот на претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен дека очекува да биде обезбедено мнозинство и уставните измени да бидат изгласани во Собранието.
Мицкоски претходно викендот изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи уставни измени само доколку добие гаранции од ЕУ дека земјата ќе влезе во Унијата и дека за време на пристапниот процес, Бугарија нема да стави нови вета.
Во однос на пакетот на помош што го најави Фон дер Лајен, Мицкоски рече дека секоја помош е добредојдена и оти очекува таа да се продлабочи, пред се, со доделување грант во однос на изградбата на пругата кон Бугарија, финансиска поддршка и за коридорите 8 и 10а, како и за енергетски проекти, како што е изградбата на хидроелектраната Чебрен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Акиов и се извини на службеничката за…
По насилниот инцидент на денешната седница на…
Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…
45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…